На почетокот на туристичката сезона Италија го укинува карантинот за патници од ЕУ, Велика Британија и Израел

Италија го укина барањето за карантин при пристигнувањето во земјата за сите патници од Европската унија, Велика Британија и Израел, соопштија здравствените власти.

Од утре сите патници од овие земји кои пристигнуваат во Италија повеќе не треба да бидат во карантин во период од пет дена, пишува Гардијан.

Во април, Италија се приклучи на списокот на земји-членки на ЕУ и воведе дополнителни ограничувања за пристигнувања од други земји на ЕУ, продолжувајќи ја мерката до 15 мај.

Земјата се подготвува повторно да се отвори за туристите и во врска со ова, италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца денеска изјави дека се укинати ограничувањата за карантин за оние кои пристигнуваат од овие земји.

Сперанца потсети дека сепак ќе биде потребен негативен ПЦР тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот