
На овие две места во кујната не смеете да го чувате прашокот за печиво
Начинот на кој се чува прашокот за печиво директно влијае на неговата ефикасност и рок на траење.
Препорачано
Прашокот за печиво е мошне потребна состојка во кујната, особено за оние кои сакаат да печат леб, колачи и бисквити. Ова средство за кревање на тестото можете да го користите и за палачинки и разни други јадења за да добиете воздушеста и мека текстура.
Бидејќи прашокот за печиво обично се користи во мали количини, не се троши толку брзо. Затоа е важно да го чувате на правилен начин за да се зачува својот ефект на „кревање“.
Начинот на кој се чува значително влијае на неговиот рок на траење, па затоа е најдобро да го ставите во херметички затворен сад, подалеку од директна светлина, влага и топлина.
Отвореното ќесиче со прашок потрошете го во рок од 6 месеци
Неотворениот прашок за печиво има рок на траење од шест до 18 месеци. Откако ќе го отворите, треба да го искористите во рок од три до шест месеци. Сепак, дури и ако ги следите упатствата со пакувањето, тоа не гарантира дека прашокот ќе биде ефикасен. Имено, ако го чувате на погрешно место, со текот на времето ќе ја изгуби својата моќ на кревање.
Две места на кои не треба да се чува
Немојте да го чувате во плакарот над шпоретот поради топлината што таму се задржува.
Исто така, не се препорачува да го чувате ниту во фрижидер, бидејќи влагата може да го ослабне дејството на прашокот, а лесно може да ги впие мирисите на другите намирници.
Идеалното место за чување на прашокот за печиво е оставата, кујнскиот шкаф или некоја фиока со стабилна температура, далеку од шпоретот.
Како да знаете дали прашокот за печиво е добар?
Обидете се со следниов тест: ставете малку прашок за печиво во топла вода. Ако почне да се пени и да прави меурчиња, сè уште е употреблив.
Ако ништо не се случува или ако се појават само неколку меурчиња, не го користете за печење или за готвење.