фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

На Олимписките игри 2028 во Лос Анџелес ќе има пет нови спортови

Брејкденсот дебитираше на Олимписките игри во Париз, а според најавите тоа ќе биде засега единствениот настап, бидејќи овој спорт нема да биде на олимписката програма за четири години во Лос Анџелес.

Секако, оваа одлука ги разочара натпреварувачите во брејкденес и оние кои беа приврзани за овој спорт.

– Знаевме уште пред почетокот на Игрите дека нема да биде во Лос Анџелес. Многу е разочарувачки, особено што не ни беше дадена ниту шанса да го покажеме спортот – изјави австралиската натпреварувачка Рејчел Ган.

Но, наместо брејкденс, во Лос Анџелес ќе има пет нови спортови. Според правилата воведени од Меѓународниот олимписки комитет пред неколку години, секој град домаќин има право да вклучи неколку спортови во програмата, а Лос Анџелес се одлучи за крикет, фудбал со знаме, лакрос, сквош и бејзбол/софтбол.

Крикетот на тој начин ќе биде вратен на олимписката програма за прв пат по 1900 година, бејзболот беше на програмата од Барселона 1992 до Токио 2021 година, а останатите спортови на листата за првпат ќе бидат на програмата на Игрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот