Фото: МИА

На Eurosatory во Париз, Албанија ја претстави „Шота“, првото оклопно воено возило „Made in Albania“

Првиот прототип на првото оклопно воено возило „Шота“, произведено во Албанија, е претставен на меѓународниот саем EUROSATORY што се одржува во Париз.

Албанија за првпат учествува претставена со 100% албанска компанија на овој саем на кој учествуваат околу 2 илјади компании од целиот свет, што министерот за одбрана Нико Пелеши го смета за многу важен момент.

„Претставен на саемот EUROSATORY во Париз, првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија“, вели Пелеши.

„Претставен на саемот EUROSATORY во Париз, првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија, напиша Пелеши во објава на Фејсбук.

Додава дека возилото е опремено со напредна технологија и може да се користи во широк опсег на воени и цивилни операции, вклучувајќи транспорт на војници, спасувачки операции и безбедносни мисии, нагласувајќи дека „целта на создавањето на оваа машина е зајакнување на албанската воена индустрија и не само тоа“.

На саемот EUROSATORY во Париз учествуваат делегации од различни земји како и претставници од САД и НАТО и ќе трае до 21 јуни.

Прототипот е дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, а произведено е во компанијата „Тимак“, чија сопственичка Арјета Пуца, претходно рече дека бил произведен околу 3 месеци.

Оваа компанија, во која 75 отсто од вработените се жени извезува санитетски возила во 20 земји низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот