Милорад Додик / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На Додик му се одзема дипломатскиот пасош, има рок од 15 дена да го врати

На Милорад Додик, чиј мандат како претседател на Република Српска официјално заврши според конечната одлука на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, ќе му биде одземен дипломатскиот пасош, јавува Н1 телевизија.

Сараевскиот портал „Кликс“ објави документ од Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина испратен до Канцеларијата на претседателот на Република Српска, во кој се наведува дека Додик има петнаесет дена да го врати дипломатскиот пасош.

„Со оглед на тоа што со одлуката на Централната изборна комисија на БиХ од 6 август е утврдено прекинување на мандатот на Милорад Додик, со ова го повикуваме назначениот да го врати дипломатскиот пасош“, се наведува во писмото од МНР на БиХ.

Доколку Додик не го врати дипломатскиот пасош во дадениот рок, МНР ќе ја извести Граничната полиција на БиХ и Дипломатско-конзуларната мрежа на БиХ дека неговиот пасош е одземен.

Апелациониот совет на Судот на БиХ вчера ја отфрли жалбата на Додик против одлуката на Централната изборна комисија, која, откако изрече конечна пресуда од една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција, му го одзеде мандатот како претседател на РС поради непочитување на одлуката на високиот претставник.

По одлуката на Апелациониот совет на Судот на БиХ, Додик официјално повеќе не е на функцијата претседател на Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот