
На денешен ден е роден Александар Сариевски, еден од најголемите амбасадори на македонска народна музика
На денешен ден, 20 јуни 1922 година, е роден Александар Сариевски – пејач, композитор и еден од највлијателните интерпретатори на македонската народна и фолклорна музика. Роден е во селото Галичник, а своето образование го продолжил во Скопје, каде што започнал и музички да се ангажира, најпрво свирејќи хармоника.
Препорачано
Во 1946 година, за првпат снимил песна на Македонското радио – „А бре невесто око калешо“, која го најавила неговиот долгогодишен придонес во негувањето и промоцијата на македонскиот музички фолклор. Тој е и еден од основачите на ансамблот „Танец“, преку кој настапувал на многубројни сцени низ светот.

Сариевски е автор на една од најпознатите македонски песни – „Зајди, зајди, јасно сонце“, која со текот на времето стана дел од македонскиот музички идентитет. Познат е по изведбата на многу други традиционални песни како „Јовано, Јованке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Море сокол пие“, „Абер дојде, Донке“, „Дејгиди луди млади години“, „Кандисал Ајрудин паша“ и други.
Александар Сариевски почина на 19 декември 2002 година. По неговата смрт, министерот за култура Благој Стефановски испрати телеграма со сочувство до семејството, во која истакна дека со неговото заминување Македонија изгуби доајен кој преку народната песна го претставуваше духот и животот на македонскиот народ.