
На „Богородица“ уапсен Србин осомничен за воени злосторства, одел на одмор во Грција
Грчката полиција соопшти дека денеска уапсила српски државјанин, кој Хрватска го бара за наводни воени злосторства на нејзина територија во 1991 година, јави Радио Слободна Европа.
Препорачано
Полицијата соопшти дека 59-годишниот српски државјанин, чиешто име не се открива, бил уапсен откако влегол во Грција од Македонија, на пат кон летувалиште во северна Грција со сопругата и ќерката.
Уапсениот во Хрватска е обвинет за „учество во акции што довеле до смрт на цивили“ од 19 август до 14 декември 1991 година во хрватските села Воќин и Хум, во централна Славонија, каде се убиени десетици луѓе.
Тој изјавил дека бил припадник на југословенската војска, но негирал дека е виновен.
Српскиот државјанин ќе биде изведен пред јавниот обвинител во Солун, а тричлениот судски совет најверојатно следната недела ќе го разгледа барањето за екстрадиција во Хрватска.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5