На 47 години: Ѕвездата на „Американски идол“ пронајдена мртва во својот дом

Фото: Profimedia

Американската пејачка Мандиса Лин Хадли, која се натпреваруваше во музичкото шоу „Американски идол“ и беше добитничка на музичката награда Греми, почина на 47-годишна возраст, објави „Би-би-си“.

Пејачката Пола Абдул, која беше член на жири-комисијата на „Американски идол“ во 2006 година, ја опиша пејачката на госпел и современа христијанска музика како „светлина во темнината“ во изјава за магазинот „Пипл“.

Дени Гок , исто така натпреварувач од гореспоменатото шоу за пеење, напиша дека е „уништен“ на социјалната мрежа Икс.

Пејачката, на многумина позната едноставно како Мандиса, ја освои наградата Греми пред десет години во категоријата современа христијанска музика. Наградата ја доби благодарение на албумот „Overcomer“ од 2014 година.

Покрај тој албум, таа влезе во трка за наградата Греми и со албумите „True Beauty“, „Freedom“ и „If We Were Real“; со првите две во категоријата поп или современа госпел музика, а третата во категоријата современа христијанска музика, како и албумот кој на крајот ѝ обезбеди статуетка.

Таа се натпреваруваше во „Американски идол“ во 2006 година, поточно во петтата сезона на шоуто, од кое произлегоа повеќе пејачки ѕвезди како Кели Кларксон, Фантазија Барино, Кери Андервуд, Џордин Спаркс и Адам Ламберт

Мандиша натпреварот го заврши на деветтото место.

Во 2022 година, таа отворено зборуваше за депресијата и тагата во нејзините мемоари „Надвор од темнината: моето патување низ сенките за да ја најдам Божјата радост („Out of the Dark: My Journey Through The Shadows To Find God’s Joy“).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот