НБРМ - Народна банка / Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

На 21 мај ќе се избира нов гувернер на Народна банка, ниту еден кандидат не е Албанец, реагира ДУИ

Ниту Владата, ниту претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води ни малку грижа за пристојно учество на Албанците во општествените текови. На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народна банка на Македонија, а никој веќе не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец.Сите се однесуваат како оваа функција да е резервирана за етничките Македонци и како да е тоа однапред завршена работа.Во моментов, во потесниот круг за избор влезени се четворица кандидати, од кои не само што ниту еден не е Албанец, туку овој потесен круг на ниту еден начин не го изразува мултиетничкиот карактер на државата, велат од политичката партија ДУИ.

– Без разлика што за изборот постои јасна уставна и законска процедура, која минува низ филтерот на претседателката, а потоа и собранискиот филтер, политичките претставници на Албанците во рамките на парламентарното мнозинство требаше да обезбедат барем учество во потесниот избор на еден од врвните економски експерти – Албанци кои ги има оваа земја – се вели во соопштението.

ДУИ велат дека „останува горчливиот вкус за Албанците, наметнат од премиерот, кој, како што велат, прво во концентрични кругови создал чисти етнички средини околу себе.

– Прво почнувајќи од својот Кабинет, потоа најблискиот круг соработници со кои оди во официјални посети, сега еве треба на јавна сцена да се демонстрира дека за позицијата гувернер Албанците едноставна немаат ниту претставник кој би можел да влезе во потесниот круг за избор. Република Северна Македонија е држава на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната етничка, или каква било друга припадност. И според Уставот, обврска на државата е да се грижи за правилна дистрибуција и учество во општествените текови на сите етнички заедници – порачаа од партијата.

ДУИ ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на своите можности, да покаже поголема лојалност кон Уставните одредби, наспроти барањата кои ѝ ги испорачуваат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот