
На 104-годишна возраст: Почина српската актерка Бранка Веселиновиќ
Српската театарска, филмска и телевизиска актерка Бранка Веселиновиќ денеска почина на 104-годишна возраст.
Препорачано
На 16 септември минатата година, таа го прослави нејзиниот 104. роденден и со тоа стана најстарата белграѓанка, но и најстарата жива актерка во светот.
Во таа прилика, заменик-градоначалничката на Белград, Весна Видовиќ ѝ подари роденденска торта и цвеќе, а Веселиновиќ не ја криеше возбудата и благодарноста за овој гест.
„Добро е да се покажуваат емоции. Ова се тие изненадувања кога човек реагира од срце. Човекот не треба да се сака себеси заради себе, туку заради другите луѓе, заради сите оние што ги сака, со кои се дружи, кои го посетуваат, заради болните, заради децата на кои им се посветил. Затоа секој ваков гест ми е голема чест“, изјави тогаш актерката.
За време на својата актерска кариера, Бранка Веселиновиќ играше во повеќе од 100 театарски претстави и во повеќе од 50 телевизиски серии и филмови.
Исто така, таа е добитничка на бројни награди и признанија за нејзината актерска и хуманитарна работа како амбасадор на УНИЦЕФ.
ВИДЕО | Најстарата белграѓанка: Актерката Бранка Веселиновиќ наполни 104 години
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
35мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5