Фото: Henrik MONTGOMERY / AFP / Profimedia

На 101 година: Почина нобеловецот Џон Гудинаф

Американскиот научник Џон Банистер Гудинаф, најстариот нобеловец и пронаоѓач на литиум-јонски батерии, почина на 101-годишна возраст.

Тој почина во неделата, според Универзитетот во Тексас, каде што работел како професор по инженерство.

„Наследството на Џон како брилијантен научник е неизмерно“, рече Џеј Харцел, декан на Универзитетот.

Смртта на познатиот нобеловец ја потврди неговиот ученик Николас Грундиш, пренесува индискиот „Бизнис лајн“ (Business Line). Британско-американскиот научник Стен Витингем, кој ја доби Нобеловата награда заедно со Гудинаф, беше првиот што откри дека титаниум сулфидот може да послужи како катоден материјал за складирање на литиум, а Гудинаф го усоврши ова откритие со катода базирана на кобалт.

Денес, литиум-јонските батерии првенствено се користат за мобилни телефони и електрични возила, а современиот живот е тешко да се замисли без нив.

Гуденаф ја доби Нобеловата награда за хемија во 2019 година, кога имаше 97 години.

Роден е во Германија во 1922 година во американско семејство. Тој служел како метеоролог во Армијата на САД. Дипломирал на универзитетот со диплома по математика и докторирал по физика на Универзитетот во Чикаго.

Гудинаф беше професор на Универзитетот во Тексас во Остин, а во 2008 година ја објави својата автобиографија „Witness of Mercy“, која се занимава и со наука и со духовни теми.

Неговиот ученик Притам Синг го опишал починатиот научник како „прекрасна душа, голем хуманист, човек чија врата била секогаш отворена за секого за дискусија, совет и помош“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот