Фото: КФСМ

МЗТ со сигурна победа во финалето тргна во одбрана на титулата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со сигурен чекор тргнаа во битката за одбрана на шампионската титула, откако вечерва пред својата публика во салата „Јане Сандански“ го добија воведниот меч од финалето против ТФТ со убедливи 67-49.

Иако почетокот на натпреварот донесе неизвесност, благодарение на четирите тројки на гостите од Тафталиџе во првата четвртина, тимот од Аеродром експлодираше во втората. Со одлична и организирана одбрана, МЗТ направи серија од 18-2, стекнувајќи убедливо водство од 43-26, со што практично го реши прашањето околу победникот уште пред полувремето.

ТФТ во вториот период немаше одговор, гостите не реализираа ниту еден кош од игра, при што сите шест поени ги постигнаа од слободни фрлања, што доволно говори за проблемите во нивниот напад. На крајот од мечот, прецизноста на ТФТ беше поразителна , само 22,7 отсто реализација.

Кај МЗТ Скопје, најрасположен беше Војдан Стојановски со 12 поени, додека неговиот брат Дамјан запиша 11 поени. Андреј Андоноски исто така имаше солиден настап со девет поени и шест скока. На спротивната страна, единствената светла точка беше Хотон, кој заврши со седум поени и 12 скока, но недоволно за да го избегне поразот на својот тим.

Вториот натпревар од финалната серија се игра повторно во „Јане Сандански“, в понеделник со почеток од 19:30 часот. МЗТ сега има шанса да направи чекор поблиску до нова ти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот