МЗТ Скопје Аеродром ќе го брка рекордниот 11 трофеј во Купот/ фото: КФСМ

МЗТ Скопје останува ноќна мора за Еуро Никел

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром без никакви проблеми славеше во дербито на 14. коло од домашниот шампионат со 81:67 над Еуро Никел 2005.

Овој дуел претставуваше и реприза од финалето на минатогодинешниот плеј-оф, а МЗТ Скопје ја оствари и шестата победа по ред во меѓусебните натпревари.

„Металците“ подобро го започнаа натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 21:15, но во 13 минута Еуро Никел со серија од 2:8 дојде до израмнување (23:23). По тројката на Димчевски, гостите дури и поведоа со 23:26., а одговорот на МЗТ Скопје беше во финишот од втората четвртина кога направи серија од 8:0 и на одмор замина со предност од пет поени 37:32.

Одлучувачки момент за победникот беше третата четвртина во која домаќинот. Стегаа „сино-белите“ заигра далеку подобро во одбраната и на противникот му дозволи да постигне само 12 поени, додека „металците“ дадоа 20 и дојдоа до убедливи 57:44 по што рутински ја одработија последната четвртина.

Крстевски со 17 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, а одлична паритја прикажаа и Дејвис и Рикиќ кои дадоа по 14 поени, додека Милошевиќ оствари дабл-дабл од 10 поени и 11 скокови. Калахан со 14 поени и Николовски со 11 поени беа најефикасни во редовите на Еуро Никел.

По 14. одиграни натпревари, МЗТ Скопје има скор од 11-3, додека Еуро Никел 2005 сега има шест победи и седум порази.

Резултати, 14. коло

Навико Академија ФМП – Кожув 92:64
ТФТ – Куманово 2009 109:100
Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка 106:85
МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005  81:67

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот