фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

МЗТ Скопје Аеродром ја декласираше Сутјеска во АБА2 лигата

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром дојде до првиот триумф на турнирот во Златибор во АБА2 лигата откако со убедливи 93:64 триумфираше над Сутјеска од Црна Гора.

Војдан Стојановски, со пет поени по ред, се воведе одлично во мечот со Сутјеска. Најава за добра игра и на МЗТ, кој брзо се стекна со сосема солидна предност (12:4), а нешто подоцна, „сино-белите“ имаа и 17:10. Во таа прва четвртина, МЗТ имаше и максимални 23:12, па и 25:14, кога поентираше и резервистот Андоноски.

Но тоа не беше сè од „металците“ во таа одлична четвртина заштоа што тројка реализира капитенот Дамјан Стојановски (четврта тимска, од пет обиди), за двојно поголеми (28:14). Во исто темпо продолжи МЗТ кој за 90 секунди во втората четвртина, направи серија од 7:1 за „плус 20“ (35:15). Серијата траеше и до уште повисоки 41:17.

Освен В. Стојановски, до двоцифрен број на поени стигнаа и Танасковиќ и Ворку, потоа и Крстевски, а свои минути имаа во третата четвртина имаа Робев, но и младиот Петковски.

Како почнаа, така и кошаркарите во „сино-бела“ комбинација го завршија овој натпревар. Видно мотивирано одиграа и во последните 10 минути, беше направена нова голема серија од 15:1 со која отидоа и на најубедливи 82:51, како потврда на највисокиот триумф во оваа сезона од АБА2 лигата.

За нашиот првак В. Стојановски запиша 17 поени (шест асистенции), а за Сутјеска Американецот Брејси со 15 поени (девет асистенции).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот