фото: kfsm.mk

МЗТ експресно во уште едно финале и во одбрана на шампионската титула

МЗТ Скопје Аеродром и по трет пат беше подобар противник од ТФТ Моцарт за сигурни 72:58 и конечни 3-0 во полуфиналната плеј-оф серија од Првата македонска кошаркарска лига.

Бранителот на титулата во раната фаза дојдоа до двоцифрена позитива (26:16). Нешто подоцна позитивата играчите на тренерот Васко Атанасов и на „плус 11“ (30:19), но нивниот ривал успеа да намали половина од негативата. ТФТ се доближи на „минус пет“ (25:30), нешто потоа и на уште пониски (27:31).

Но, гостите од Аеродром веднаш одговорија со своја мини-серија преку Д. Стојановски и Гилон за враќање на двоцифрено водство (37:27), кое во понатамошниот дел стана и повисоко (42:29). На паузата во СРЦ „Кале“ првакот имаше предност од 44:32.

А по одморот, МЗТ го зададе и решавачкиот удар, во третите 10 минути, „сино-белите“ одиграа уште подобро во одбраната. Постигнаа 16, а на противникот му дозволија да реализира само седум, за недостижно водство од 60:39 по три одиграни четвртини.

Беа решени сите дилеми околу победникот, тренерот на МЗТ Атанасов одлучи да им даде повеќе минутажа на помладите, а логично стартерите ги остави на клупата.

Кај МЗТ Баковиќ застана на 14 поени, а Делалиќ, браќата Војдан и Дамјан Стојановски имаа по 10. За ТФТ „дабл-дабл“ учинок од 14 поени и 17 скокови имаше Хаутон, а 10 поени забележа Луис.

Противник на „металците“ во големото финале ќе биде победникот од втората полуфинална пресметка каде моментно кошаркарите на Пелистер водат со 2-1 против екипата на Работнички.

Непосредно пред стартот на мечот кошаркарите на МЗТ носеа маици со ликот на Марјан Михајловски, човекот кој беше дел од клубот и кој цел живот живееше со и за КК МЗТ Скопје Аеродром.

Тоа беше дополнителен мотив за играчите на МЗТ да победат за него, но и за сите кои го сакаа и ценеа и кои знаеја колку ја сакаше плаво-белата боја да дојдат во СРЦ „Кале“ и да му го упатот последниот аплауз кон небото. Секако и да помогнат да се оствари тоа што тој најмногу го сакаше, а тоа се победите на својот миленик. За Мац!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот