Запленети наркотични дроги и оружје / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

МВР уништи над четири тони марихуана и стотици парчиња оружје

Во кругот на фабриката „Макстил“ денеска беа уништени големи количини запленета дрога и нелегално оружје, во организација на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за управување со одземен имот и надлежните државни комисии.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека „во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина“, нагласувајќи дека со секој ваков процес државата ја крева безбедноста на граѓаните, особено на младите, на повисоко ниво.

Запленети наркотични дроги и оружје / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

„Денеска уништивме над четири тони марихуана, 18.000 стебла марихуана, 79 килограми цвет и над 21 килограм други видови дрога – амфетамини, кокаин, хероин. Уништени се и над 100 парчиња оружје и повеќе од 1.000 чаури и компоненти од оружје,“ изјави Тошковски.

Тој појасни дека станува збор за заплени од претходните години за кои веќе завршиле правосилни судски постапки, но најави дека во иднина ќе следуваат уште поголеми количини за уништување.

Запленети наркотични дроги и оружје / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

„Испраќаме јасна порака до сите граѓани кои беа подложни на криминални банди во Скопје, Западна Македонија и југоисточниот дел од државата – дрогата и оружјето кои беа во нивни раце ќе бидат запленети и уништени,“ додаде министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот