Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ / Фото: Фејсбук

МВР тајно започнала процес за нов систем за издавање лични карти, обвини СДСМ

МВР тајно започнала процес за нов систем за издавање лични карти, соопшти денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели дека, според јавно достапните информации, веќе била ангажирана фирма, без било какво искуство во оваа област.

„Замислете, досега правела студии за отпад и стадиони. Сега треба да направи студија за систем со највисок степен на доверливост – издавање на лични карти и пасоши. Понатаму, во тендерската документација не се бара безбедносен сертификат за лицата што ќе имаат пристап до податоците. Што е крајно сомнително и несоодветно. Нема гаранција ниту за заштита на доверливи податоци на државата и граѓаните. Зошто?“ праша Кузеска.

Обвини дека сето тоа се прави без транспарентност, далеку од очите на јавноста и крајно сомнително.

„После сите скандлаозни тендери во МВР, после целиот процес на партизација на оваа институција, селективната правда и заштитата на функцинерите на ВМРО-ДПМНЕ. МВРО-ВМРО сака да го централизира целиот систем – од производство до издавање документи – без контрола, без надзор, без јавност, без сертитифакти. Тоа не е модернизација, тоа е рецепт за злоупотреба“ рече Кузеска и упати прашања до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски: Дали ова значи дека повторно се подготвуваат сценаријата како од времето на Никола Груевски, кога МВРО-ВМРО масовно издаваше незаконски лични карти и спроведуваше незаконско гласање?“.

СДСМ бара итни одговори од министерот Тошковски зошто се ангажира фирма без релевантно искуство и без безбедносен сертификат.

„Кој може да гарантира дека нема да има масовно издавање нови документи непосредно пред изборите и злоупотреби? СДСМ ќе остане буден чувар на јавниот интерес и на слободната волја на граѓаните“ рече Кузеска.

Таа порача дека ќе ги информираат сите релевантни домашни и меѓународни фактори и ќе се спротивстават на сите обиди за злоупотреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот