Фотографија: Зденко Петровски

Музика во современ и слободен џез-стил ќе изведе Џез Трио во КИЦ-Скопје

Во рамките на анплаг-сериите (Unplugged series) во Културно-информативниот центар во Скопје на 29 јуни, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи Џез Трио (Кондовски / Дробицки / Омерагиќ).

Џез триото е во состав Глигор Кондовски – виолина, Владан Дробицки – тромбон и Дени Омерагиќ – контрабас. Тие изведуваат неконцептуален современ и слободен џез-стил во комбинација на фразирање во стилот на класичната музика и импровизации. Импровизациите создаваат композиции конструирани во зададена форма.

Досега имаат објавено два музички албуми, „Away“ и „Outcasts“, за издавачката куќа „ПМГ Џез“. Албумите се приказни искажани преку музика и генерално раскажуваат четива за имиграцијата, за напуштените домови, за анксиозноста и напуштањето на младите луѓе за подобар свет, воедно и отпадништвото на уметниците кои се трудат да ја подигнат културата, како на глобално, така и на локално ниво.

– Стилот на неконцептуалност е креирана во слободните импровизации, паралелно со тоа се доловува и приказната за слободното делување, како и одговорноста на самата слобода во нас, како луѓе, а пред сѐ, како уметници. Културата која се создава преку уметноста треба во себе да ја носи анархичноста при која слободно делуваме, а при тоа создаваме и свесност за одговорноста од слободата на делување. Самите албуми и импровизацијата, кои македонската публика има можност да ги слушне, се еден поразличен вид на современа музика и карактеристика која наликува на современите камерни состави – истакнуваат од Џез Трио.

Концертот е втор во серијалот „unplugged“, што се реализира во „Салон 19.19“ во рамки на годишната музичка програма на Културно-информативен центар – Скопје за 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот