Студиото на музичката платформа „Хотел“ е сместено во Ниже Поле кај Битола

Музичката платформа „Хотел“ се залага за поддршка и промоција на млади и нови артисти

Како проект, музичката платформа „Хотел“ е основана во 2019 година, кога иницијално биле снимени и објавени пет епизоди, и тоа со Дани Димитровска, „ZeeBomb“, Наско, Шамба и „Некст ту сајленс“, по што следувала неколкугодишна пауза.

Минатата година платформата е реактивирана и биле снимени и објавени 12 нови епизоди во кои се вклучени музичките артисти аТа, Бон Праскиза, Пијан Славеј и групите „Свит рапскалионс“, КЕМ, „Занаду“, „Дејание“, „Сиото џез“, „Гарамет“, „Паркети“, „Такси конзилиум“ и „Алембик“. Моментално во постпродукција се уште 12 епизоди што ќе бидат објавени во текот на 2025 година, со артисти како „Луфтанза“, Зарина Првасевда, „Клот људи“, Херцел, Тамара Стојковска, „Мојра“ и други.

Идејата за музичката платформа „Хотел“ се родила со цел да се создаде нешто чисто, со единствена цел да ја прикаже музиката создадена од сите музичари, без предрасуди и без ограничување на еден жанр.

Тимот на „Хотел“ го сочинуваат креаторот на платформата Томи Акимовски, аудиоинженерот Алек Томевски, мајсторот на светло и камера Андреј Богатиновски, а како соработнички се приклучуваат Сара Богоева и Исаја Карадаковска, која е оперативен менаџер.

Платформата функционира на тој начин што Томи со своето искуство во музичката индустрија постојано ги следи сите новитети и ги слуша сите нови изданија. Потоа следува покана до бендовите да настапат со три-четири песни во атмосфера „како на проба“ во нивното студио во Ниже Поле. Снимениот материјал се монтира и се поставува на јутјуб-каналот „Хотел“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 268, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 15-16.2.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот