Фото: Профимедиа

Музеј кој го чува култниот фустан на Мерлин Монро: Ким Кардашијан не го оштети

Откако Ким Кардашијан беше обвинета дека „трајно го оштетила“ култниот фустан на Мерлин Монро што го носеше на Мет Гала оваа година, таа беше одбранета од персоналот на музејот кој го поседува ова уникатно парче облека вредно 4,8 милиони долари.

Облечена во скапоцен фустан, за кој ослабе и 7 килограми, Кардашијан предизвика бројни критики во јавноста. Тие станаа уште поинтензивни по фотографиите на колекционерот Скот Фортнер на кои се гледа оштетување откако го носеше, во музејот „Ripley’s Believe It or Not!“ кој е сопственик од 2016 година.

Дизајнерот на фамозниот фустан на Мерилин: Ким Кардашијан немаше право да го носи

„Ким Кардашијан предизвика голема врева на скалите на музејот Метрополитен на овогодинешната Мет Гала, но„Ripley’s Believe It or Not! со сигурност може да каже една работа – не го оштетила познатиот фустан на Мерлин Монро”, велат вработените. Бидејќи оригиналниот фустан го носела многу кратко, инсистирале да не може да го оштети за тоа време.

„Ким беше жестоко предизвикана за култниот фустан, но факт е дека на никаков начин не ја оштети облеката за краткото време што ја носеше. Од дното на скалите, каде што Ким го носеше фустанот, до врвот каде што беше вратен, фустанот беше во иста состојба во која беше изнајмен“, заклучи за „TMZ“ потпретседателката за издавање и лиценцирање на Рипли, Аманда Џоинер.

Фото: Профимедиа

Од Рипли истакнаа дека состојбата на фустанот датира од 2017 година и изјавија дека „неколку шевови биле искинати и истрошени, што не е чудно со оглед на деликатниот материјал“. Тие исто така истакнале дека „не ѝ платиле на Ким да го облече фустанот“ и дека таа не им понудила пари за истото, туку одлучила да донира во две добротворни организации во име на компанијата.

Претходно, Рипли инсистираше дека е направен секој чекор за да не се оштети фустанот додека Ким го носи, но тоа за многумина беше неприфатливо. Фортнер рече дека музејот постапил „неодговорно“ со тоа што позајмил парче облека што се карактеризира како „најпознато во светот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот