Фото: EPA/EMILIO NARANJO NO MOBILE DEVICES

Mурињо и писмото кое му го дал на Матераци пред финалето во ЛШ во 2010

Холандскиот ветеран, Весли Снајдер откри интересна ангедота за Мурињо и Матераци поврзана со финалето во Лигата на шампионите во 2010 кога Интер го победи Баерн со 2:0.

Интер со генерацијата во која дел беше и Горан Пандев таа година освои „триплета“ (Лига на шампиони, Куп на Италија и Серија А). Снајдер сега открива дека Мурињо бил убеден во победа на неговиот тим, а го погодил дури и точниот резултат.

„Мурињо и Матераци имаа посебна врска, беа навистина блиски. Неколку недели пред финалето Жозе го викна во неговата канцеларија и му кажа: Тука има писмо, ќе го ставам во фиока, а ти отвори го кога ќе заврши натпреварот“.

„На тоа писмо буквално го пишуваше точниот резултат од финалето. Освојувањето на Лигата на шампионите е сон на секој фудбалер, кога добив шанса да го допрам, тоа беше момент кој никогаш нема да го заборавам“, изјави Снајдер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот