фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Мухова е првата полуфиналистка на „Ролан Гарос“

Во женска конкуренција Каролина Мухова се пласираше во полуфиналето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“, откако денеска во четвртфиналето ја совлада Русинката Анастасија Пављученкова со 7:5 и 6:2.

Мухова која е 43 тенисерка на светот, за 98 минути игра триумфираше над Пављученкова која е 333 тенисерка на светот.

Ова беше четврти меѓусебен дуел на чешката и руската тенисерка, а втор триумф за Мухова, со кој Чехинката првпат во кариерата избори пласман во полуфиналето во Париз.

Мухова водеше со 2:0 и 3:1 во првиот сет, но Пављученкова го сврте резултатот и поведе со 4:3. Потоа се играше гем за гем, а чешката тенисерка го доби првиот сет со 7:5.

Мухова блескаше во вториот сет, кој го освои со 6:2 и со тоа се избори за пласман во полуфиналето, каде ќе игра со победничката од мечот меѓу Украинката Елина Свитолина и Белорусинката Арина Сабаленка.

Преостанатите два четвртфинални меча ќе се играат утре, а ќе се сретнат Ига Швјонтек (Полска) – Коко Гоф (САД) и Унс Жабир (Тунис) – Беатриз Хадад Маја (Бразил).

Грен слем турнирот „Ролан Гарос“ се игра за награден фонд од 49,6 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот