Фото: Канал 5

Мухиќ: Да побараме ЕУ-арбитража во спорот со Бугарија

„Дали згреши судијата, се играше ли според правилата? ЕУ вели дека не посредува во билатерални спорови, тогаш се оди на арбитража. Како што тогаш треба да се побара арбитража во спорот меѓу Хрватска и Словенија, така сега и ние да побараме ЕУ да арбитрира. Да дојде ЕУ комисија и да каже дали промена на устав е европска правичност. Ние треба да побараме“, изјави вечерва универзитетскиот професор во пензија и поранешен пратеник, Ферид Мухиќ, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

„Имате преседан, ЕУ посредува во билатерални спорови, како во 2008 кога имаше арбитражна комисија во спорот меѓу Хрватска и Словенија. Зошто ние да промениме устав и да внесеме Бугари, а тие не го почитуваат нашето малцинство таму? Не е само да се внесат, но зошто како конститутивен народ, тоа сите некако го премолчија. Не одложено дејство – никогаш, тие не се конститутивен народ, може да бидат набројани во Уставот како во хрватскиот Устав, но не да бидат конститутивен народ“, рече Мухиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот