фото: FC Pelister Bitola

Мухамед Елмас: Подготвени сме за подвиг на Арената против Вардар

Во таборот на фудбалскиот клуб Македонија Ѓ.П. пред репрезентативната пауза ја направија можеби најважната работа сезонава, ја прекинаа серијата порази на стартот на Првата македонска лига и освоија бодови против Пелистер на домашен терен.

Сега, откако домашниот шампионат се рестартира, Македонија Ѓ.П. доаѓа на Арената на дуел со Вардар.

Се знае што значи тоа, мотивација до небо за младите фудбалери на „лавовите“, но и респект кон противникот кој во моментов е на самиот врв на табелата:

– Нормално е што сме мотивирани до максимум. Вардар е мотивација сам по себе. Вечерен термин на Арената, публика… Кој не би сакал да биде дел од овој меч? Вардар е фаворит, но само на хартија. Далеку од тоа дека ние ќе го прецениме противникот. Знаеме што можеме, Македонија ЃП има квалитет да му се спротивстави на секого. Конечно го скршивме мразот против Пелистер и сега само треба да продолжиме понатаму во шампионатот. Имаме капацитет и квалитет да го изненадиме Вардар вечерва – вели фудбалерот на Македонија ЃП, Мухамед Елмас.

Натпреварот од петтото коло во шампионатот меѓу Вардар и Македонија ЃП ќе се игра денеска од 19.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот