Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Муцунски од Будимпешта: Ризикот од злоупотреба на нашиот случај од анти-ЕУ фактори е голем

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на работната посета на Будимпешта се обрати пред студентите и дипломатите од Унгарската дипломатска академија.

Во своето обраќање, како што информираат од МНР, Муцунски се осврнал на долготрајниот и посветен процес за пристапување на нашата држава кон ЕУ, при што посебно ја истакнал непрекинатата повеќедецениска посветеност кон процесот, но и бројните и големи отстапки кои македонското општество ги има направено на тој пат.

 

-Нашиот пристапен пат во суштина ја штити политиката на проширување на ЕУ, заснована на вредности и заслуги, со оглед дека ризикот од злоупотреба на нашиот случај од страна на анти-ЕУ факторите е голем, нагласи Муцунски на темата поврзана со евроинтеграциите на земјата.

Муцунски, се вели во соопштението, ја подвлекол и суштинската важност на добрите билатерални односи помеѓу двете земји, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи и се заблагодари за досегашната поддршка на политички, економски и мултилатерален план.

-Иако односите се континуирано пријателски, во следниот период очекувам нова динамика како резултат на заложбата на двата премиери за воспоставување стратешка релација помеѓу двете земји, истакна тој во обраќањето.

Министерот Муцунски им посака успех во кариерите на присутните дипломати, со оглед на тежината на професијата која ја имаат.

По обраќањето, како што информираат од МНР, следела сесија на прашања и одговори во чии рамки се говорело на теми како нелегалната миграција и безбедноста на границите, регионалната енергетска безбедност, очекувањата за идните чекори и ризици во придвижувањето кон ЕУ, како и размена на мислења за актуелните состојби во Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот