
МТСП: Измените на Законот за детска заштита поднесени од Левица се неприфатливи и паушални
Министерството за труд и социјална политика преку соопштение ја извести јавноста дека Предлог- законот за изменување на Законот за детска заштита поднесен од Левица, е неприфатлив и паушален фокусиран само на финансиската поддршка без да се земат предвид останатите потреби на децата и лицата со попреченост.
Препорачано
Без анализи законските решенија се само популизам и ништо повеќе, велат од Министерството. Министерството работи на пакет мерки кои ќе значат финансиска поддршка и трајно решение, кои ќе придонесат за вистинско унапредување на лицата со попреченост.
-Во изминатиот период како министерство бевме во интензивна комуникација со здруженијата на родители на деца со попреченост и врз основа на нивните барања креираме пакет на законски измени и мерки кои значат унапредување на состојбата на децата и лицата со попреченост, стои во соопштението.
Во текот на утрешниот ден Министерството за труд и социјална политика подетално ќе ја информира јавноста за конкретните чекори кои ќе ги преземе, а со цел подобрување на правата, а со тоа и животниот стандард на лицата со попреченост.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5