
Мрачната тријада
Нарцизам, макијавелизам и психопатија/социопатија е мрачната тријада во психологијата. Оваа тријада станува особено опасна кога ја поседуваат луѓе на моќни позиции, бидејќи овие три карактеристики резултираат со манипулативно, себично, користољубиво за лични цели однесување, непресметливост, со антисоцијални поведение и недостиг на емпатија и совест.
Во психологијата постои една комбинација на лични карактеристики кои се нарекуваат темна/мрачна тријада и тоа се: нарцизам, макијавелизам и психопатија/социопатија.
Препорачано
Оваа тријада станува особено опасна кога ја поседуваат луѓе на моќни позиции, бидејќи овие три карактеристики резултираат со манипулативно, себично, користољубиво за лични цели однесување, непресметливост, со антисоцијални поведение и недостиг на емпатија и совест.
Накусо за овие карактеристики:
Нарцисти – овие луѓе се доживуваат како нешто грандиозно и посебно, со право на доминација и недостаток на емпатија. Тие бараат восхит и веруваат дека се супериорни во однос на другите. Знаат да бидат прилично шармантни, бидејќи им е битно да ги „заведат“ останатите.
Макијавелисти – тие се манипуланти кои работат за лична корист, а на штета на другите. Изигрувањето, измамата и неморалот им се најблиски пријатели.
Психопати – кај нив постои отсуство на емпатија, ладнокрвни се, без морален компас и немаат совест за последиците од нивното поведение.
Социопати – сосема слични со психопатите во однос на недостиг на емпатија и совест, но се импулсивни и отворено агресивни, со слаба контрола на своето поведение. Тие се често пати конфликтни и тешко одржуваат стабилни релации.
Го прашав чат џипити кои лидери низ историјата ја поседувале оваа мрачна тријада и одговорот е: Сталин, Хитлер, Мао Цедунг, Садам Хусеин, Муамер Гадафи, .
Потоа го прашав за современите лидери со овие карактеристики и ми одговори (со задршка), бидејќи, како што пиша, би било добро да се направи психолошка анализа, но ја наведе листата: Владимир Путин, Ким Јонг Ун, Реџеп Таип Ердоган, Доналд Трамп, Жаир Болсонаро, Родриго Дутерте (поранешен претседател на Филипини) и Кси Џинпинг. Со напомена дека Болсонаро и Трамп повеќе инклинираат кон соципатијата како карактеристика, бидејќи психопатите се ладнокрвни во јавните настапи, а вториве, импулсивни и отворено агресивни.
(Авторката е советник за личен развој и лидерство)
ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“