
„Можеби згрешив…“: Го обвини Џеј Зи дека ја силувал кога имала 13 години, а сега изнесе нови детали
Жената, која го обвини раперот Џеј Зи дека ја силувал во 2000 година, излезе со нови детали во јавноста. Како што изјави за Ен-би-си, има некои нелогичности во нејзиното сеќавање на настаните од забавата по доделувањето на видео музичките награди на Ем-ти-ви.
Препорачано
„Направив некои грешки додека се присетував на таа ноќ. Најјасно е што ми се случи, но лицата не ми се толку јасни. Можеби некои погрешно ги идентификував“, рекла неименуваната жена, која во моментот на наводното злоставување имала 13 години.
И покрај тоа, таа нагласи дека и понатаму останува зад своите обвинувања.
Според извештаите, пријател ја возел од Рочестер, Њујорк до Менхетен, со возење од околу пет часа. По пристигнувањето на Менхетен, таа рече дека налетала на возачот на Диди, кој рекол дека таа е „токму она што Диди го барал“.
„Мислев дека тој само мислеше дека сум убава“, рекла неименуваната жена од Алабама.

Таа тврди дека била донесена во бела куќа каде што вели дека разговарала со музичарот Бенџи Маден од групата „Гуд Шарлот“ и неговиот брат. Нивниот претставник, сепак, изјави дека браќата во тоа време биле на турнеја.
Во тужбата жената вели дека му се јавила на нејзиниот татко од бензинска пумпа, кој ја земал и ја однел дома. Но, нејзиниот татко тврди дека воопшто не се сеќава дека отишол да ја земе, додека таа вели дека татко ѝ тешко се сеќава на настани од тој период.
Адвокатот Тони Базби во поднесената тужба вели дека тужителката се согласила и на тест за детектор на лаги за време на сослушувањето.
„Ова беше исклучително стресно за неа, до тој степен што имаше напади и мораше да побара лекарска помош поради стресот“, рече Базби.
Да потсетиме, во тужбата жената изјавила дека по пристигнувањето на забавата испила пијалок од кој ѝ се лошело. Таа отишла да се одмори во друга соба, во која набрзо влегле Џеј Зи, Диди и уште една славна личност. Музичарите наводно ја силувале еден по друг, додека славната жена гледала.