Можеби е повредено или под стрес: Што значи кога вашето куче ја крева шепата?

Фото: Pexels

Дали сте забележале дека вашето куче, одвреме-навреме, ја крева едната шепа, но не сте обрнале внимание на причината?

Ова можеби не е најдобрата одлука, бидејќи има неколку причини зошто го прави тоа. Некои од причините може да бидат загрижувачки и треба да се решат. Иако кучињата не го делат нашиот јазик, подигањето на шепата е еден од начините на кои ни ги пренесуваат своите мисли и чувства.

Неизвесност, а можеби и страв

Главната причина зошто вашето куче ја крева шепата е поради неизвесност или страв. Подигнувањето на шепата е типично однесување кое покажува конфликт помеѓу два нагони, како што е нагонот за дружење со непозната личност и истовремената желба да се избегне нив. Оваа ситуација може да предизвика стрес на вашето куче и тој не знае како треба да се однесува.

Можно е бучава или некое друго куче да го вознемирило кучето и да не се чувствува безбедно. Подигнувањето на шепата во овие моменти веројатно ќе биде проследено со знаци како што се свиткана опашка, опуштени уши, треперење или зевање.

Болка

Кучињата може да ја кренат шепата ако ги боли или ако нешто е заглавено во неа. Во овој случај, можно е кучето да одбие да ја користи шепата и да скока на три нозе. Може постојано да ја лиже раната и да куца. Внимателно проверете ја шепата на вашето куче, за да видите дали има рани, туѓи тела или некоја повреда. Ако најдете проблем или не сте сигурни што се случува, задолжително однесете го на ветеринар.

Исчекување

Кучињата често креваат една шепа за да покажат исчекување. Можно е да се загрижени за нешто или да се работи за позитивно исчекување – уживање или гушкање. Сè уште се неизвесни, но не се плашат, се однесуваат како да се подготвени да ја прифатат наградата иако не се сигурни што е, ниту кога ќе дојде. Во оваа ситуација, тие ги креваат нивните уши, опашката не им е скриена, а главата им е подигната.

Знак за избегнување конфликт

Поврзано со чувството на несигурност, кревањето шепа може да биде знак на уверување. Ако кучето почувствува потенцијален конфликт со некоја личност или друго куче, може да ја крене шепата за да покаже покорност и да избегне тепачка.

Во ваква ситуација, подигнатата шепа е проследена со уште неколку однесувања – лижење на муцката, трепкање или одвраќање на очите, вртење на главата или тркалање на грб.

Хроничен стрес

Подигнувањето на шепите може да укаже на хроничен стрес ако го забележувате често во различни ситуации, вклучително и оние кои не се стресни. Други вообичаени индикатори вклучуваат спуштено држење на грбот и зголемено лижење на крзното.

Хроничниот стрес често произлегува од незадоволството на кучето и може да биде предизвикан од одвојување, лоша социјализација, насилни техники за дресура и значајни промени во домаќинството или рутината.

Инстинкт

Понекогаш подигањето шепа е едноставно одраз на нивниот инстинкт. Подигнувањето на шепата е едно од неколкуте движења со кои кучето му ја покажува насоката на дивечот во близина на својот партнер за лов. Однесувањето е поинстинктивно кај ловечките кучиња, но скоро секое куче може да го покаже ова однесување. Ако го забележите ваквото однесување додека вашето куче душка низ дворот, веројатно е заинтригиран од некој мирис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот