
Може ли Европа повторно да биде лидер во автомобилската индустрија?
Неспорен лидер во светот на моторните возила со внатрешно согорување пред неколку децении беше Европа, односно европските компании. Малку американски или азиски компании можеа да се споредат со иновациите и дизајнот на европските гиганти како што се Мерцедес, Фолксваген, БМВ, Ауди, Порше, Ферари, Ламборџини, Масерати, Ролс Ројс, Бентли, Јагуар, Шкода… Во Европа, Германија се издвојува како дом на некои од најпознатите и најпочитуваните брендови на автомобили во светот, а некои од нив се основани уште во периодот на нацистичка Германија, кога биле поддржани од Адолф Хитлер за потребите на воената индустрија.
Препорачано
Тие брендови, токму поради потребите на воената машинерија, доживеале голем развој во тоа време. Прво, Фолксваген, основан во 1937 година со поддршка на нацистичкиот режим како дел од идејата на Хитлер за „народен автомобил“. Речиси 100 години подоцна, сликата на автомобилската индустрија е целосно променета, анализира Данас.
Денес, електричните возила од Азија, првенствено од Кина, го освојуваат светот. Кинеските електрични автомобили масовно влегуваат на европскиот пазар, сето тоа благодарение на фактот што со текот на времето ја препознаа предноста на литиум-јонските батерии, од кои денес зависат европските брендови кои значително заостануваат во транзицијата кон нови технологии.
Од друга страна, европските производители, особено германските, затвораат фабрики, отпуштаат работници, а најголемата вест од автомобилскиот сектор беше кога „Фолксваген“ објави дека ја затвора својата фабрика во Германија по 90 години, поради намалената побарувачка и високите цени на европските автомобили. Оваа криза се прелева во Србија, каде што работат повеќе од 150 компании од автомобилската индустрија, вработувајќи околу 100.000 луѓе, а повеќето од овие компании доаѓаат од Германија. Колку е важна автомобилската индустрија за Европа? Професорот Душан Марковиќ од Економскиот факултет во Белград, изјави дека автомобилската индустрија е технолошка, капитална и трудоинтензивна.