Фатон Љури, моторџијата кој го прегази дедо Југо / Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

Моторџијата кој го прегази дедо Југо призна дека го прегазил, но тврди дека му давал помош

Фатон Љури кој со мотор го прегази скопјанецот Југослав Николовски познат меѓу соседите како дедо Југо пред судот призна дека го сторил кривичното дело, односно го прегазил, но не призна дека вечерта на 1 јули не му укажал помош на повредениот.

„Јас се чувствувам виновен за сообраќајката. Не би сакал да се случи тоа, никој не би сакал да се случи такво нешто. Големо сочувство до фамилијата. Јас му давав помош, двајца полицајци беа таму“ – рече Љури.

Фатон Љури, моторџијата кој го прегази дедо Југо / Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат

Обвинителството пак тврди дека ќе докаже дека Љури на 1 јули го прегазил дедо Југо со мотор, на пешачка патека кога излегол да фрли ѓубре. За разлика од обвинетиот, Обвинителството тврди дека Љури го прегазил дедо Југо и избегал од местото на несреќата додека тој лежел облеан во крв.

Фатон Љури, моторџијата кој го прегази дедо Југо / Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат

„Иако дедо Југо лежел облеан во крв обвинетиот го оставил моторот и избегал без да укаже помош на повредените, со што извршил ново кривично дело. Додека пак неговиот другар Ибрахим Хамза, кој бил сопатник, и покрај тоа што не бил тешко повреден покажал доблест и останал на местото додека да пристигне увидната екипа и итната помош – рече Обвинителката.

Сообраќајната незгода се случи на 1 јули доцна вечерта. При ударот, Николовски останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на патеката по што тој избегал.  Николовски добил тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото.

Според информации на МВР, возачот имал сторено едно кривично дело – насилство во 2016 година и едно дело непочитување на здравствени ковид мерки во 2021 година.

Скопјанец со мотор смртно прегазил пешак во населбата Даме Груев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот