Фото: илустрација / МИА

Моторџија од Скопје се судрил со автомобил и се договорил со возачот, а дури потоа сфатил дека мора да оди во болница

Возач на мотоцикл од Скопје тешко се повредил во судир со автомобил, а дури подоцна ја сфатил сериозноста на повредите и отишол во болница, соопшти полицијата.

„На 10.09.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Ј.(32) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите во претходно случена сообраќајна несреќа на бул.„Александар Македонски“ во Скопје. Таа се случила помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од повредениот и патничко возило „шкода јети“ со скопски регистарски ознаки, по што двајцата возачи меѓусебно се договориле и си заминале, а потоа повредениот е пренесен во болница. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот