Фото: Икс

Москва го осуди израелскиот напад на Доха

Русија во среда го осуди израелскиот напад врз членови на Хамас во главниот град на Катар, Доха, и ги повика сите страни да се воздржат од дејствија што дополнително би го ескалирале израелско-палестинскиот конфликт, пренесува Ројтерс.

„Русија го смета овој инцидент за грубо кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН, за нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на независна држава и чекор што води кон понатамошна ескалација и дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

„Ваквите методи на борба против оние што Израел ги смета за свои непријатели и противници заслужуваат најсилна осуда“, додадоа од министерството.

„Ракетниот напад врз Катар… не може да се сфати како ништо друго освен како акција насочена кон поткопување на меѓународните напори за наоѓање мирни решенија“, рече Русија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во подоцнежен телефонски разговор со катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, го опиша нападот како „кршење на меѓународното право и неприфатливо нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на пријателски Катар“.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се цитира Лавров, кој рекол дека постои опасност израелската акција да „доведе до понатамошна дестабилизација на Блискиот Исток“.

Во соопштението се вели дека катарскиот премиер ја истакнал „јасната и принципиелна позиција“ на Русија во поддршка на суверенитетот и независноста на Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот