Московскиот суд ја потврди забраната за учество на изборите на Надеждин

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Либералниот руски политичар изгуби уште една жалба против одлуката на изборните службеници да му забранат да се кандидира на гласањето следниот месец, на кое претседателот Владимир Путин сигурно ќе добие уште еден шестгодишен мандат.

Борис Надеждин ветуваше дека доколку дојде на чело на државата запирањето на конфликтот во Украина ќе биде негова главна цел, а одбивањето на властите да го регистрираат за претседателските избори, ја истакна одбивноста на Кремљ од секое јавно противење на постапките на Путин.

Судската пресуда со која се отфрли жалбата на Надеждин, уследи по смртта на главниот непријател на Кремљ, Алексеј Навални во оддалечен затвор на Арктикот, што предизвика глобален гнев и и нанесе тежок удар на руска опозиција.

По еден ден расправа, рускиот Врховен суд одлучи да ја отфрли жалбата на Надеждин против одлуката на Централната изборна комисија да му забрани учество на претседателските избори, закажани да се одржат меѓу 15 и 17 март.

Судот претходно ги одби неговите две други жалби поврзани со техничките аспекти на потегот на комисијата.

Надеждин најави жалба на пресудата.

Илјадници Руси ширум земјата потпишаа петиции за поддршка на кандидатурата на Надеждин, што е необично покажување поддршка во строго контролираниот политички пејзаж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот