
Морничаво откритие во Јапонија: Мајка го чувала телото на ќерка си во замрзнувач 20 години
Седумдесет и петгодишна жена во Јапонија е уапсена затоа што го чувала телото на нејзината ќерка во замрзнувач 20 години, соопшти денес полицијата, пренесе АФП.
Препорачано
Во вторникот, жената отишла во полиција со член на семејството за да изјави дека чувала тело во замрзнувачот и дека „тоа била нејзината ќерка“ која е родена во 1975 година, изјавил портпарол на јапонската полиција за АФП.
Полициските службеници кои отишле во нејзиниот дом, кој се наоѓа во североисточниот дел на Токио, пронашле тело на жена, згрчена, облечена во маица и долна облека во замрзнувачот.
Полицијата соопшти дека „телото било во напредна фаза на распаѓање“ и дека ќе биде извршен форензички преглед за да се разјасни причината за смртта на возрасната жена.
Мајката, која е уапсена под сомнение за напуштање на тело, им кажала на полициските истражители дека мирисот се проширил низ целата куќа и дека потоа го купила замрзнувачот за да го стави телото на нејзината ќерка таму, соопшти портпаролот на полицијата.
„Пред дваесет години, мирисот на телото ја исполни целата куќа, па купив замрзнувач и го ставив таму“, рече 75-годишната жена.
Жената, која имаше други деца, живеела сама откако нејзиниот сопруг починал пред неколку недели, објасни портпаролот на полицијата.