Фото: Социјални мрежи

Момчето од Скопје кое се разнесе во Белград имало дебело криминално досие – Мартин Сипковски бил осуден на седум и пол години затвор поради обид за убиство

Од Обвинителството објаснуваат дека на 25 септември годинава добиле известување од СВР Скопје дека Сипковски не бил пронајден во својот дом – што било една недела пред експлозијата во Белград. Тоа укажува дека тој успеал нелегално да ја напушти земјата.

Младиот Македонец Мартин Сипковски, кој загина во експлозија во белградски стан, зад себе оставил обемно криминално досие и низа тешки кривични дела извршени уште на 21-годишна возраст.

Во неговото досие се запишани насилство, разбојништво и предизвикување општа опасност. До трагедијата, јавноста речиси и не знаела за неговото криминално минато – сè додека српските медиуми не објавија дека загинал при несоодветно ракување со околу 1,5 килограм експлозив „пентрит“, наводно подготвен за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал.

Од Обвинителството потврдуваат дека Сипковски бил веќе осуден на 7 години и 6 месеци затвор, но пресудата сè уште не била правосилна.

Станувало збор за случај на обид за убиство.

„Основното јавно обвинителство Скопје против осомничениот поведе истрага за кривично дело – убиство во обид, извршено на 15 септември 2024 година во зграда на булевар ‘Јане Сандански’. При напад со нож повредил едно лице, а по неговото лишување од слобода, Обвинителството побара мерка притвор. Сепак, судијата на претходна постапка го одби тој предлог и му одреди куќен притвор и привремено одземање на пасошот. Обвинителството поднесе жалба, но и таа беше одбиена“, велат од Обвинителството.

По спроведената истрага, на 26 декември 2024 година било поднесено обвинение, а на 3 јуни 2025 година, Сипковски бил прогласен за виновен и осуден на 7 години и 6 месеци затвор. Сепак, судот му ја продолжил мерката куќен притвор до правосилноста на пресудата.

Од Обвинителството дополнуваат дека на 25 септември годинава добиле известување од СВР Скопје дека Сипковски не бил пронајден во својот дом – што било една недела пред експлозијата во Белград.

Тоа укажува дека тој успеал нелегално да ја напушти земјата.

„Јавното обвинителство во ниту еден момент не беше информирано за неговата недостапност, сè до 25 септември 2025 година, кога СВР Скопје-БЈБ достави известување до Судот дека лицето не е пронајдено во својот дом. Потоа, Кривичниот совет донесе одлука да ја укине мерката куќен притвор и да одреди ефективен притвор“, наведуваат од Обвинителството.

ВИДЕО | Силна експлозија во центарот на Белград: На станарите им е забрането да ги напуштаат домовите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот