СП. архива

Момче почина на паркинг во Тетово – случајот е поврзан со дрога, полицијата уапси шестмина

20-годишно момче од селото Теарце е пронајдено починато на паркинг пред станбена зграда во Тетово, а полицијата уапси шестмина поврзани со случајот, кој според МВР има врска со недозволена трговија и користење дрога.

„На 01.03.2023 во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 20-годишниот А.А. од тетовско Теарце. На паркинг пред станбена зграда на улица „Илинденска” во Тетово, каде според пријавеното бил пронајден починат А.А., увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител била извршена обдукција“, велат од полицијата.

„Во врска со случајот, во 18.10 часот на улица „Илинденска” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Д.(23), Ј.С.(24), А.О.(25), А.О.(35) и П.A.(71), сите од Тетово, поради сомнение за нивна инволвираност во неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и овозможување употреба наркотични дроги, а ноќта (02.03.2023) во 01.10 часот на улица „113″, од слобода бил лишен и Б.Х.(19) од Тетово“, додаваат од полицијата.

Уапсените биле задржани во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот