Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Молкот за жртвите од пожарот беше нарушен од прегласните реклами на видеобимот, реагираат од Студентското пленумско движење

Студентското пленумско движење бара јавно извинување од операторот и одговорните лица задолжени за работата на видеобимот на плоштад Македонија, каде синоќа се одржа протестен собир на кој граѓаните оддадоа почит и заедничко сеќавање за загинатите во пожарот во Кочани.

Оттаму велат дека на граѓанскиот собир, кој беше најавуван неколку денови претходно, 16 минутниот молк со кој се оддаде почит кон жртвите и солидарност кон нивните најблиски, беше нарушен од континуираните прегласни реклами кои кружеа на видеобимот.

„Наместо да кружат реклами, што симболично го прикажува отсуството на елементарни вредности во нашето општество, видеобимот требаше да биде изгасен во текот на молкот, или уште почовечно, на него да биде прикажана порака во солидарност со семејствата и настраданите“ се вели во реакцијата.

Синоќа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, по повод шест месеци од трагедијата во Кочани, граѓанската иницијатива „Кој е следен“ одржа протестен собир, кој почна во 20:16 часот, со минута молк за 62-те жртви, млади луѓе кои го изгубија животот во катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека.

На плоштадот беше поставена и кутија во која граѓаните можеа да остават напишани пораки за родителите.

ВИДЕО/ГАЛЕРИЈА: „Шест месеци без правда за Кочани“ – скопјани ги поддржаа семејствата на загинатите во „Пулс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот