Молдавија нашла остатоци од дрон кај границата со Украина

Полиција во Молдавија / Фото EPA-EFE/DUMITRU DORU

Молдавските власти открија делови од дрон Шахед на молдавско-украинската граница, непосредно по нападот со руски дронови врз регионот Одеса во Украина, соопшти молдавската гранична служба.

„Киев Индипендент“ информира дека руските сили извршиле три напади врз регионот на Одеса ноќта меѓу 9 и 10 февруари, а цел биле Одеса и инфраструктурата на реката Дунав во областа Измаил, при што биле повредени четири лица.

Официјален Кишињев смета дека дронот пронајден на територијата на Молдавија бил соборен од украинската противвоздушна одбрана за време на напад ноќта меѓу 9 и 10 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот