Модерна тестира вакцини против ХИВ/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

„Модерна“: Нашата вакцина е 93 отсто ефикасна и шест месеци по втората доза

Модерна објави дека нивните вакцини против Ковид-19 се ефикасни за 93% и шест месеци по примената втора вакцина, без значајни промени по клиничките тестирања. 

Меѓутоа, податоците не го вклучуваат ефектот против делта сојот, кој предизвика пораст на бројките светот и кај вакцинираните луѓе. 

Модерна, заедно со Фајзер и БиоНТек, кои произведуваат слични вакцини мРНА, се залагаат за вакцинирање со трета доза, иако тоа не беше препорачливо од страна на СЗО. 

Претседателот на Модерна, Стивен Хоге изјави дека според нивните податоци, нивната вакцина е 93% ефикасна против коронавирусот. 

„Се чини дека имаме долготрајна ефикасност. Но моментално не знаеме што се случува со делта сојот, а посебно по експлозијата од нови случаи кои се слулија во јуни и јули.“ изјави Хоге. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот