
Модата на Златен глобус: Марго Роби синоним за елеганција, Хајди Клум разочара со кичеста креација
Синоќа се одржа 80. издание на свеченото доделување на филмските награди Златен глобус, а познатите личности ја искористија приликата да се прикажат во најдобро модно светло на фамозниот црвен тепих.
Препорачано
Некои од нив успеаја во својата намера и блеснаа во своите елегантни креации, но некои навистина разочараа со своите модни избори.
Според многумина од модните критичари, еден од најубавите фустани беше оној на актерката Марго Роби, од модната куќа „Шанел“. Интересен факт е дека фустанот бил изработуван 720 часа.
Младата актерка Џена Ортега е во екот на својата популарност, благодарение на нејзината улога во серијата „Wednesday“, па токму затоа сите нетрпеливо го очекуваа нејзиното појавување на црвениот тепих. Таа и овојпат не разочара и се одлучи за прекрасна креација од модната куќа „Гучи“.
Селена Гомез е една од омилените млади дами во Холивуд, со навистина префинет стил. Но, нејзиното појавување на годинашните Глобуси беше навистина посебно – таа продефилира на црвениот тепих заедно со нејзината 9-годишна сестричка Грејси. Малечкото девојче облече златно фустанче, соодветно за пригодата, а Гомез облече креација на „Валентино“.
Пејачката Ријана и раперот Ејсап Роки важат за еден од најубавите парови во моментов. Тие неодамна станаа родители и се чини дека навистина уживаат во љубовта. Како и секогаш, двојката успеа да го привлече вниманието и на Златните глобуси. Ријана се одлучи за впечатлива креација од модната куќа „Шијапарели“, која ја надополни со накит од „Картие“.
Манекенката Хајди Клум се појави во модна креација на дизајнерот Кевин Германие, од неговата пролетна колекција за 2023 година. Според коментарите на социјалните медиуми, 49-годишната Германка го облече најлошиот фустан на годинашните Златни глобуси и беше вистинско разочарување.
Во продолжение, погледнете ги најинтересните модни комбинации на годинашните Златни глобуси.
Марго Роби

Џена Ортега

Селена Гомез

Ријана и Ејсап Роки

Хајди Клум

Џенифер Кулиџ

Вајола Дејвис

Џесика Частејн

Лили Џејмс

Хилари Свонк
