Фото: Фејсбук

МНР ја потврди информацијата за смртта на младиот Стојан Спасов во Софија, но нема детали како настапила

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, веднаш штом доби информација за починат наш државјанин, С.С. во Република Бугарија, преку Амбасадата на Северна Македонија во Софија, стапи во контакт со надлежните органи, од каде доби првични информации за случајот, соопшти МНР.

Од таму нагласуваат дека преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава, и истите се соодветно информирани за случајот.

-Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата. За деталите на случајот јавноста ќе биде благовремено известена, соопшти МНР.

„Слободен печат“ од извори во бугарското МВР како и од блиски пријатели објави дека на 17-ти декември во Софија е пронајден мртов Стојан Спасов од Виница. Случајот е во софиското јавно обвинителство каде се утврдуваат причините за смртта на младото момче. 26-годишниот Спасов живеел и работел во Софија, бил спортист и немал здравствени проблеми. Новинарски извори од бугарското МВР дознаваат дека можна причина за смртта на Стојан е самоубиство.

За случајот е поведена предистражна постапка. Според првичните сознанија, нема траги на насилство на телото на македонскиот државјанин, и најверојатно станува збор за предозирање, јави дописникот на МИА од Софија.

Во Софија пронајден мртов македонски државјанин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот