Маската „Новинарка“ го привлече вниманието на редакцијата „Слободен печат“

Младите новинари од ОУ„Киро Глигоров“ направија интервју со Вида која воодушеви со маската „Млада новинарка“

Младите колеги од новинарската секција во Основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје направија интервју со четвороодделенката Вида, која на Денот на шегата 1 април се истакна со маската „Младата новинарка“, изработена целосно од страниците на нашиот и вашиот весник „Слободен печат“, заради која ѝ подаривме книги.

На Фејсбук-страницата на училиштето тие го најавија разговорот со Вида со следниот текст:

– Пред неколку дена нашето училиште беше преполно од креативни и убави маски, но маската „Млада новинарка“ на нашата другарка Вида од четврто одделение ни го привлече особено вниманието. Денес нашите новинари се дружеа со Вида која беше пресреќна поради подарокот кој го добила од нашите повозрасни колеги од „Слободен печат“. Ѝ честитаме на Вида за подарокот и ѝ посакуваме да чита што е можно повеќе – напишаа помладите колеги.

Колеги од новинарската секција во ОУ „Киро Глигоров“

Во разговорот Вида открива дека повеќе сака да биде учителка и дека многу сака да чита книги, затоа што смета дека е мала да чита весници.

Дознаваме дека во училиштето „Киро Глигоров“ не стивнува возбудата околу откривањето на новинарската професија и дека дел од учениците сакаат да ја посетат нашата редакција, за да се запознаат одблиску со новинарските предизвици и со процесот на создавање весник.

Со задоволство ќе ги примиме младите новинари во нашите простории и нивната наставничка Ленче Кузмановска и ќе им одговориме на сите нивни новинарски прашања.

Маската „млада новинарка“ ќе добие комплет книги од „Слободен печат“

Малата Вида доби книги од „Слободен печат“, за маската „Младата новинарка“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!