Фото: КФСМ

Младите кошаркари победија и против Ирска за потврда на пласманот во четвртфиналето на ЕП од „Б“ дивизијата

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија со победа против Ирска од 77:66 го потврди пласманот во нокаут фазата на Европското првенство во „Б“ дивизијата.

Првата рунда македонските млади кошаркари ја завршија како првопласирани во групата А со скор од 3:1, како и Бугарија и Чешка со кои имаме 1:1 во меѓусебните дуели, но ние сме лидери поради подобриот кош-количник.

Ирците денес се држеа само во првата четвртина која ја завршивме со предност од 18:12, па во втората веќе го трасиравме патот кон победата со 27:9. Се останато до крајот беше само рутинско одржување на предноста за сигурна победа.

Најефикасен кај нас и во овој натпревар беше Теодор Симиќ со 17 поени и осум скока, а зад него следуваа Амар Хот со 15 поени и 13 скока, додека Филип Наков уфрли 10 поени.

Прв противник на патот кон елитата ќе ни биде Велика Британија против која ќе играме четвртфинале в петок од 18:30 во СРЦ „Кале“. Пласман во „А“ дивизијата ќе обезбедат најдобрите три селекции од оваа второлигашко првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот