фото: facebook.com/tallinnakalev

Младинскиот македонски репрезентативец Бамијоко ќе игра за естонскиот Талин Калев

Како што објавија денеска од естонскиот фудбалски клуб Талин Калев, нов играч на екипата е младинскиот репрезентативец на Македонија, Абиола Бамијоко.

Бамијоко, 20-годишниот играч од средниот до крајот на сезоната ќе настапува за Талин Калев во обидот да остане клубот и следната сезона во елитата.

Помина низ младинскиот тим на ХЈК од Финска, една година беше дел од италијанската Сампдорија, а последен клуб му беше шведскиот тим Ескилстуна.

Воедно има настапи за фудбалските репрезентации на Македонија до 17, 18 и 19 години.

Според најавите се очекува своето деби за за Талин Калев да го има в недела (17 август) на домашен терен против Левадија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот