
Младата Месечина на 25 јуни донесува тишина која менува сè: Овие 3 знаци влегуваат во најемотивниот период во годината
В среда, 25 јуни, ја дочекуваме младата Месечина во знакот на Рак, а оваа лунација носи совршена можност за ресетирање, емоционално прочистување и враќање кон она што навистина нè исполнува.
Препорачано
Бидејќи Ракот е знак со кој владее Месечината, оваа млада Месечина има особено силно влијание: интуитивно, рефлективно и длабоко емотивно.
Време е да се вратиме на себе
Ракот е знак на домот, семејството, сеќавањето и внатрешната безбедност. Младата Месечина во овој знак нè повикува да направиме пауза, да ги слушнеме своите потреби, да ги преиспитаме границите и повторно да се поврземе со она што ни дава чувство на сигурност, без разлика дали станува збор за вистински дом, сакани личности или внатрешен мир.
Што да правите во текот на младата Месечина
Поминете време во природа, без телефонот.
Создадете ритуал за опуштањеа: купка, свеќи, омилени мириси.
Водете дневник, скицирајте, креирајте ја вашата сопствена манифестација на „табла за визија“ (vision board).
Проверете ги границите: кој и зошто го заслужува вашиот емотивен простор?
Ова е идеално време да ги поставите намерите за претстојниот месец. Иако можеби не ви е јасно што точно сакате, Ракот нè учи дека вистината доаѓа преку чувствата. Затоа: забавете, чувствувајте и дозволете си тишина.
Овен
Ова е време да се фокусирате на домот и на семејните односи. Смирете го својот импулс да бидете постојано во движење. Домот ве повикува да се поврзете, можеби дури и физички да го реорганизирате просторот.
Бик
Вашиот ум е преполн со мисли, но младата Месечина ве повикува да зборувате од срцето. Одличен период за пишување, комуникација со блиските и изразување нежност.
Близнаци
Парите, самодовербата и личните вредности се во фокусот. Поставете граници кога станува збор за тоа колку давате, и емоционално и материјално.
Рак
Ова е вашето лично ресетирање! Имате можност повторно да се дефинирате, да одлучите кој сакате да бидете во втората половина од годината. Започнете со мали, но сигурни чекори.
Лав
Ќе почувствувате потреба да се повлечете и да ги наполните батериите. Наместо да бркате признание однадвор, побарајте тишина однатре. Ова е вашето време за духовно прочистување.
Девица
Дружењата, заедниците и пријателствата се под лупа. Прашајте се: со кого ги споделувате вашите соништа? Време е да се опкружите со луѓе кои ве поддржуваат емоционално.
Вага
Кариерата и угледот доаѓаат во прв план. Младата Месечина ви дава шанса да поставите нови професионални цели, но не по цена на личните вредности.
Скорпија
Оваа лунација ве повикува да ги проширите вашите хоризонти, но не буквално, туку емоционално и духовно. Вашата интуиција расте, а патот до исполнување води низ внатрешна работа.
Стрелец
Време е да се нурнете подлабоко. Интимност, доверба, заеднички ресурси, ова се темите што се отвораат. Дозволете си ранливост.
Јарец
Фокусот се префрла на вашите партнерски односи. Дали се чувствувате безбедно? Време е да разговарате отворено и нежно, без одбрана.
Водолија
Здравјето, рутината и секојдневниот живот бараат внимание. Внесете повеќе емоционална сигурност во вашите секојдневни навики. Помалку контрола, повеќе чувство.
Риби
Вашата креативност и емоции ќе процветат. Ова е совршено време за уметност, љубов и искрено изразување. Дозволете си да бидете ранливи, таму лежи вашата сила.
Младата Месечина во Рак на 25 јуни е повик да застанеме, да слушаме, да простиме и да обновиме. Пред да зачекориме во огнената и разиграна сезона на Лавот, имаме можност длабоко да се поврземе со себе. Ова е моментот кога не се бара од нас да направиме чекор напред, туку да се вратиме внатре – бидејќи токму тука започнуваат сите наши големи почетоци.