Граничен премин Ќафасан / фото: Миа

Млада ресенчанка сакала да излезе од Македонија со лажен ПЦР тест

21-годишна жителка на Ресен вчера е уапсена откако се обидела да излезе од државата на граничниот премин Ќафасан, приложувајќи лажен ПЦР тест за коронавирус, соопшти полицијата.

„На 06.09.2021 во 08.30 часот на граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници ја лишиле од слобода К.П.(21) од Ресен, затоа што при излез од државата на увид приложила фалсификуван негативен ПЦР тест“, велат од полицијата.

Со неа бил извршен разговор и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот