
Млада грчка милијардерка преживеала рак на дојка и ретка крвна болест, а починала од убод на инсект
30-годишната Мариса Лему, наследничка на грчка бродоградителска империја, на 11 септември била пронајдена мртва во својот кревет во семејниот дом во луксузната област Најтсбриџ во центарот на Лондон, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во деновите пред нејзината смрт, таа била примена во две познати лондонски болници поради вртоглавица, чешање и висока температура, но на крајот била отпуштена и починала дома. Лему пред две години го победила ракот на дојка и исклучително ретката крвна болест хемофагоцитна лимфохистиоцитоза (ХЛХ), но нејзиното семејство вели дека борбата со двете тешки болеси ја оставила „ранлива“.
Семејството – една од најголемите династии во грчката бродска индустрија – не можело да одржи погреб бидејќи обдукцијата траела повеќе од две недели. „Дејли мејл“ сега ги објави резултатите од обдукцијата:
„Работната дијагноза би била сепса поради убод од инсект со претходна ранливост поради ефектите од хемотерапијата и ХЛХ“, се вели во извештајот.
Семејството сè уште бара одговори бидејќи и натаму не е сигурно кој инсект ја каснал Мариса, кога и каде се случило и зошто била отпуштена од Универзитетската болница во Лондон (УЦЛХ), која е под државната Национална здравствена служба (НХС).
„Не знаеја ли дека некој со толку ранлива медицинска историја може веднаш да развие сепса? Сепсата се шири многу брзо, може да ве убие за неколку часа ако не се лекува веднаш“, рече вознемирен член на семејството.
Мариса прво ја посетила приватната болница „Лидери во онколошката грижа“ (ЛОЦ) – каде што претходно била лекувана од рак на дојка – но лекарите биле толку загрижени што повикале брза помош да ја однесат во другата установа.
Семејството вели дека на Мариса ѝ биле дијагностицирани „токсични ефекти од отровот“ на непознатиот инсект во УЦЛХ пред да биде отпуштена – а нејзините нивоа на кислород и крвен притисок биле алармантно ниски.
Мајката на Мариса, Беси, и нејзиниот татко, бродскиот тајкун Дијамантис, ангажирале адвокати да го тужат УЦЛХ за медицинска небрежност.
Еден семеен пријател објаснува: „Мариса отиде и таму имаше медицинска сестра. Повторно направија крвни тестови, ѝ дадоа течности. Таа само чекаше таму. Дојде во 14:30 часот, а околу 15 часот зедоа примероци од крв.“
„Чекаше, испрати неколку пораки до пријателка велејќи: „Никој не ме проверува, никој не доаѓа, не знам каде се, сè уште ме чеша, чувствувам вртоглавица, не се чувствувам добро.
По тестовите, семејството вели дека била отпуштена во 18:30 часот и испратена дома со антибиотици, но сè уште се чувствувала многу лошо и не можела ништо да јаде. Таа заспала таа ноќ и никогаш повеќе не се разбудила, а била пронајдена мртва во нејзиниот кревет наутро на 11 септември.