Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Млад скопјанец е пронајден починат во неговиот дом, ќе се прави обдукција

Вчера попладне, 38-годишен жител на Скопје е пронајден починат во неговиот дом на подрачјето на Општина Кисела Вода, соопшти полицијата.

„На 24.09.2025 во 18:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје починал К.К.(38) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот