Иво Рангеловиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Митови и факти ЕП8 | Британија ги насели Евреите, а Палестинците се однесуваа како Македонци

Политикологот Иво Ранѓеловиќ во последното издание на Митови и факти дава прецизна слика на генезата на израелско-паленстинскиот конфликт, кој е еден од најдолговечните конфликти во поновата човекова историја и кој со променлив интензитет трае од 1947 година до денес.

Ранѓеловиќ за нулта година на конфликтот ја смета 1917 и објавувањето на т.н. „Балфорова декларација“ во Велика Британија, кога за прв пат се говори за „дом на Евреите“, односно територија во „Светата земја“, на која треба да се населат Евреите од целиот свет.

– После 1918 година имаме масовно населување на Евреи секаде од светот, финансирано главно од Британија, но и од други дрги држави на палестинската територија, каде што на арапските народи тоа не им се допаѓа. Меѓутоа арапските народи, а сега јас би рекол конкретно Палестинците, имаат една слична судбина како и нас Македонците, морам да извлечам паралела, зошто? Еден од најголемите проблеми зошто Палестина денес нема држава е тој дефицит на национална свест, што за разлика од нив го имаат сите други арапски народи во тој момент, но и претходно – вели Ранѓеловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот